Во организација на Europe Hоuse Skopje, синоќа во Градскиот парк, по повод Денот на Европа, концерт одржа Дуке Бојаџиев, македонскиот филмски композитор, музички продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев.
Концертот, отворен за широка јавност понуди несекојдневно филмско-музичко искуство!
Дукe, заедно со неговите уникатни гости, двајца наратори и 20-член оркестар, ги изведе своите најнови дела, спој на неговата оркестарска и филмска музика заедно со некои нови модерни инспирации под влијание на неговиот живот во Франција и Шпанија. А, сето тоа измешано со традиционалните вибрации од Балканска и медитеранска музика заедно со нарација на вечната љубовна поезија на Руми на македонски и албански јазик.
Многу уникатно искуство за прославување на денот на Европа, со мултикултурно музичко патување на љубов, мир и единство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.