Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно – информативниот центар на Република Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски.
Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра на глумците од Албанскиот театар Скопје, сцените се редеа како на филм. Публиката имаше впечаток, како денес во Тирана да се случиле настаните од пиесата. Час и половина, публиката со големо внимание и во потполна тишина го следеше секој збор од текстот и актерската игра на нашите актери, кои на крајот, беа наградени со огромен и долг аплауз, соопштија од Културно – информативниот центар.
Директорот на КИЦ Златко Ориѓански, потсетува дека текстот „Диво Месо“ од Горан Стефановски, е напишан и изведен далечната 1979 година.
За својата драма Горан Стефановски ќе каже: „Кога ја пишував пиесата „Диво месо“ мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се однесувала на иднината“.
По претставата, нашите актери, заедно со своите колеги од тиранските театри беа во посета на македонскиот Културно Информативен центар, каде до доцна во ноќта се разговараше за претставата и текстот на Горан Стефановски, посочува Ориѓански.
Културно – информативниот центар во Тирана на 10 и 12 мај, продолжува со својте активности. На Тиранскиот џез фестивал ќе настапат ПМГ Џез СЕТСТАТ и новоформираниот биг бенд, НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.