Драмски театар Скопје соопшти дека комеморацијата за актерот Мето Јовановски ќе се одржи во вторник на 21 ноември во 11 часот на големата сцена на театарот.
Посмртните останки на Мето Јовановски ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел во понеделник на 20ти ноември во 11 часот.
Јовановски почина на 16 ноември, на 77-годишна возраст.
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски целиот работен стаж го помина како член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Од дипломирањето во 1971 година кога застана на сцената на Драмски со претставата ‘Што виде собарот’, во себе ја носеше истата жар за професијата. Мето замина во легендите само дваесет дена откако на 26 октомври бравурозно ја изигра својата последна претстава на ‘My name is Goran Stefanovski’ “, велат од неговата матична куќа, Драмски.
Јовановски беше роден во 1946 година во с. Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија. Работеше и како професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни метности во Скопје
Играше во над 60-тина филмски и телевизиски наслови: „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“, а кои го добил највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.