Драмски театар Скопје ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Подгорица, Црна Гора од петти до 10 април годинава со претставата „My name is Goran Stefanovski“. Гостувањето на Драмски е в сабота, на 9 април.

Претставата е во режија на Бранислав Миќуновиќ, драматургија на Бранислава Илиќ, сценографија на Александар Дениќ, костимографија на Роза Трајческа Ристовска, авторска музика на Влатко Стефановски. Музички соработник е Давор Јордановски, а асистент на режија е Кристијан Атанасов.

Улогите ги толкуваат: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.