Драмски театар Скопје, со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ во режија на Бранислав Миќуновиќ ќе гостува на 3-то издание на фестивалот „Театар на раскршќу“ во Ниш.

Народниот театар од Ниш го организира овој фестивал со цел да се афирмираат сличностите и разликите на културниот идентитет на театарската сцена во регионот. Во натпреварувачкиот дел учествуваат 6 претстави од земјите од Балканот. Градот Ниш позициониран како крстоница на европските и светските патишта со овој фестивал ја промовира уметноста на балканскиот културен простор.

Претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ ќе биде изведена во сабота на 10 септември.

Драматург на претставата е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во период од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“)

Сценограф е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројкоска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.