Осврнувајќи се на поддршката на одредени фестивали дека не се доволно или, пак, премногу се поддржани, Костадиновска-Стојчевска на денешниот брифинг со новинарите потенцираше дека поддршката произлегува од самата апликација и од понудената содржина.

Еден од критириумите за поддршка е одреден настан или манифестација да има долгогодишна традиција. Ќе напомнам дека досегашниот носител на манифестацијата „Рацинови средби“, Општина Велес, за првпат по 60 години не аплицира, туку делегира овластување на ново Здружение на граѓани кое во своето портфолио нема искуство од организација на ваков тип настани, наведе Костадиновска-Стојчевска дополнувајќи дека не е јасно зошто самите тие одлучиле да ја сведат традицијата на Општина Велес во организацијата на оваа манифестација на организација која нема такво искуство, што е дел од критериумите на Министерството за поддршка на традиционалните вредности, рече Костадиновска-Стојчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.