Дебитантскиот долгометражен филмски проект „Пролетно чистење” (Spring Cleaning) на Марија Апчевска Петровска во продукција на Кино Око доби финансиска поддршка за развој од Креативна Европа МЕДИА (Creative Europe MEDIA), соопштија од Продукција „Кино Око“.

Потпрограмата МЕДИА во склоп на програмата Креативна Европа е наменета за европската аудиовизуелна индустрија и овозможува поддршка на европските филмски работници за развој на нови филмски проекти, наоѓање на партнери и обраќање до поширока публика, надвор од националните граници. Со системот на МЕДИА за пружање на финансиска поддршка олеснето е кофинансирањето на филмовите на помалите продукциски компании, кои најчесто се сретнуваат со потешкотии при прoнаоѓањето на нови извори на финансирање. Потпрограмата МЕДИА, исто така поддржува развој и дистрибуција, вклучувајќи ги играните и документарните филмови, телевизиски серии и нови медиски проекти.

Проектот „Пролетно чистење” (Spring Cleaning) е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.