На 7 ноември, ДЛУМ ја отвара изложбата „Експериментален цртеж“ во Венеција, во галеријата „Кунст Депот“.

Ова претставување е значајно како за ДЛУМ така и за можноста да го претставиме ресентното творештво на нашите членови на ДЛУМ на меѓународна сцена. Изложбата „Експериментален цртеж“ оваа година беше посветена на македонскиот ликовен уметник Борко Лазески каде и беше поставена во неговото ателје каде тој творел и работел, соопштија од ДЛУМ.

На изложбата се претставени четириесеттина цртежи изработени во повеќе цртачки техники.

Од ДЛУМ искажаа благодарност до Љупка Делева, членка на Душтвото, ликовна уметница која живее и работи во Венеција за нејзиниот ангажман да се реализира оваа изложба во галеријата „Кунст Депот“ во Венеција.

Изложбата е поддржана од Министерствтото за култура и туризам на Македонија

Изложбата оваа 2024 г. се организира по осми пат, што го покажува постојаниот интерес на современите уметници за изразување во ова специфично ликовно подрачје.

Изложбата има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми. Оваа изложба го слави иновативниот дух на уметниците кои се осмелуваат да ги предизвикаат конвенциите на медиумот, презентирајќи разновидна колекција на експериментални цртежи кои ги предизвикуваат очекувањата и ги повикуваат гледачите да откриваат новите можности на ликовна креација.

Во оваа ера на огромни можности на комуникација, уметниците постојано бараат свежи начини на изразување. Цртежот, со својата вродена едноставност и разноликост, служи како плодна почва за експериментирање. Од намерното обележување на моливот до спонтаните гестови на јаглен, секој потег на празната хартија е можност да се истражува, да се поствуваат прашања и користат нови материјали и техники.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.