На денешната прес-конференцијата, Амбасадорите на земјите членки на Франкофонијата ја претставија културната програма и другите активности во рамките на одбележувањето на Франфонијата во текот месец март и на почетокот на април 2024 година.
Празникот на Франкофонијата во Скопје ќе се одбележува од 1 март до почетокот на април, а на 4 април и во Битола, информираа францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер, швајцарската амбасадорка Вероника Улман и директорот на Францускиот институт во Скопе, Иго Бештел, кои истакнаа дека Франкофонијата во Скопје ќе се прославува со филмови, концерти и гастрономија.
На 1 март прославата на Деновите на Франкофонијата ќе почне со проекција на филмот „Страста на Доден Буфан“ на режисерот Тран Ан Хунг во киното Милениум, а потоа следуваат и други активности како Собрание на млади франкофони, концерт на швајцарскиот бенд „Хубрис“, Недела на франкофонски филм во Кинотека, финале на натпреварот по изразно читање, изложбата во Националната галерија на Македонија, „Париски рефлекси 3“, но и музичка вечер „Вино и музика“.
Во Битола е предвидено на 4 април да се одржи Француска вечер на џез фестивалот во Битола со триото на Никола Гардел.
Воедно, тие проговорија и за универзалните вредностите на Франкофонијата, важечки не само за земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Р. Македонија е полноправна членка на оваа Организација од 2006 година), туку и за сите земји кои го почитуваат францускиот јазик и јазичниот диверзитет, солидарноста, мирот, демократијата и човековите права како ултимативни општествени вредности.
Францускиот јазик го говорат околу 320 милиони луѓе во светот. Тоа не е само јазик на Франција, туку и на други земји. Македонија е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји, истакна меѓудругото амбасадотор на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер.
Тој напомена дека во Македонија треба да се негува концептот на Франкофонијата, бидејќи тука францускиот јазик останува јазик којшто се изучува во образованието и денес има ученици кои го учат францускиот јазик. Постои Француско интернационално училиште во Скопје, Француски институт, Француска алијанса во Тетово и Француска алијанса во Битола.
Франкофонијата е реалност овде и има огромен број на луѓе коишто во минатото го изучувале францускиот јазик, иако можеби во секојдневниот живот немаат можност да го практикуваат. Францускиот јазик е реалност, тоа е богатство кое што треба да го зачуваме, додаде францускиот амбасадор.
Амбасадорката на Швајцарија во земјава Вероник Хулман на прес-конференцијата денеска напомена дека Швајцарија е полноправна членка на Франкофонијата.
Од 1996 година Швајцарија е постојана членка и сака да го сподели своето искуство на ниво на повеќејазичноста, промоција на демократија, на правата на човекот. Швајцарскиот модел негува вредности на еднаквост и на национална кохезија. Признавање на идентитетот на луѓето преку признавање на јазикот значи да франкофонски простор да се споделат вредности на еднаквост, мир и демократија – суштински вредности и универзални на правата на човекот, рече Хулман.
Нашата држава е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.