Вечерва со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе се изведе „Dance baby, dance“ во кореографија на Жана Пенчева.
Dance baby, dance е дело базирано на кореографското истражување, а е фокусирано на релационите потенцијали кои можат да се појават кога луѓето ќе се дојдат заедно и ќе танцуваат.
Делото се гледа и како кореографски концерт со специфични правци и внатрешни правила, каде 6 кинетички/танцувачки тела минуваат низ различни ситуации – флертување, мистерија, транспарентност, нелогичност, раздразливост и останати чувствителни простори.
Концертот е потопен во атмосфера на забава-клуб и е преплавен со современа електронска и поп музика.
Кореографија: Жана Пенчева.
Танчери и соработници: Виолета Витанова, Жана Пенчева, Зорница Стојанова, Александар Георгиев. Даниел Денев и Дарио Барето Дамас.
Музика: Цветан Момчилов.
Костими и сценографија: Ралица Тонева.
Графички дизајн: Ѓорѓи Десподов.
Видео и Фото: Наталија Сидоренко.
Во продукција на Garage Collective и Жана Пенчева. Копродукција на ICC (Имагинативен кореографски центар) и ДНК – простор за современ танц и перформанс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.