В среда, 13 април од 20 часот Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, премиерно ќе ја изведе детско – младинската претстава „Приказна за волшебната шума“, работена по мотиви од бајките на Браќата Грим.

Драматизацијата и режијата се на Микица Илова. Во претставата играат: Анета Мишева, Александар Видиков, Кристина Јованова, Саше Орешков, Викторија Чочева, Јована Секуловска, Петар Јованов, Ана Мукаетова, Михаела Атанасова и Мартина Илиевска. Суфлери – Благица Илиева и Ангела Василевска. Костимограф – Сара Милевска. Музика – Марјан Тодоровски. Светло – Пепи Ангелов. Техничка подршка и реализација – Диме Темков.

Првата вечерна редовна реприза е на 20 април 2022, а додека организирано за учениците од основните училишта од Кавадарци ќе биде изведена во дневните часови во текот на наредните две недели.

Следниот ден, на 14 април  од 20 часот е театарска претстава „Чекајќи го министерот“. Претставата е комедија и доаѓа од Република Србија. Автор и режисер на претставата е Семир Гичиќ. Играат – Лидија Вукичевиќ , Семир Гичиќ и Сашо Ристовски.

В петок, 16 април од 20 часот е закажано отворање на изложба на цртежи од Марјан Ризовски од Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.