Важно е да ја препознаеме силата на уметноста и да ја поттикнеме да ја шири својата есенција, да едуцира, да создава здрав звучен амбиент кој ќе му пркоси на шундот и кичот, рече виолинистот Владимир Костов на синоќешното отворање на 64. Охридско лето во Антички театар, пренесувајќа ја пораката во име на уметниците.

Креативност не значи да бидеш различен, ниту комплексен. Креативност значи да бидеш едноставен како Бах, восхитувачки едноставен во лавиринтот на комплексната звучна полифонија. Справувајќи се со комплексноста на современиот свет, да не ја заборавиме важноста на уметноста во нашите животи. Да ги поддржуваме и славиме уметниците, да инвестираме во уметничката едукација и да бидеме сигурни дека уметноста ќе остане длабоко интегрирана во нашето општество, рече Костов, концерт-мајстор во Филхармонијата.

Фестивалот синоќа беше отворен со концерт на литванскиот виолинист со светска кариера Џулијан Рахлин и Македонската Филхармонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.