Музичарот Бени Шаќири е нов директор на Младински култирен центар (МКЦ), потврдила за САКАМДАКАЖАМ градоначалничката Данела Арсовска.
Шаќири е назначен за директор на местото на в.д Никола Алексов, по професија диплимиран детектив. Алексов лани, во јануари беше поставен за директор на МКЦ на местото на Ванчо Богоев, кого Арсовска го разреши од функцијата.
Покрај Шаќири, кандидатури поднесоа и продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.
Шаќири на локалните избори во 2021 беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Откако отпадна во првиот круг и даде поддршка на Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.