Белградско драмско позориште настапува вечерва со „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ, во Драмски театар Скопје. Гостувањето е во рамки на фестивалот РУТА.

Премиерата на претставата беше во октомври 2019 година на матичната сцена на БДП и на задоволство на ансамблот интензивно гостува во периодот по короната во целиот регион каде што е одлично прифатена од публиката. Пораката на претставата е дека секој човек има влијание на опкружувањето, сите сме соучесници на доаѓањето на лошите времиња и настани. Репликата „Сите сме виновни со своето однесување или недејствување“ е нитка присутна низ целата претстава.

Автор: Ивор Мартиниќ
Режија : Јагош Марковиќ
Јазична адаптација:Живана Рашковиќ
Сценограф и костимограф: Јагош Марковиќ и Бојана Никитовиќ
Сценски говор: Др.Лилјана Мркиќ Поповиќ
Продуцент: Срџан Обреновиќ

Улоги:

Александар Алач
Бранка Катиќ
Исидора Симијоновиќ
Владан Милиќ
Павле Пекиќ
Јово Максиќ
Милан Чучиловиќ
Милица Зариќ
Вања Ненадиќ/Мина Ненадовиќ

Инспициент: Дејан Поповиќ
Помошник режисер: Ксенија Ќирица
Асистент режисер: Тара Лазаревиќ
Асистент костимограф: Петра Фотез

Ивор Мартиниќ, низ специфичната драматуршка стилизација на познатиот филм на Лукино Висконти (1969), го почитува временскиот редослед на моралното пропаѓање и политичкиот раст и богатење на семејството Фон Ашенбек (алузија на познатото семејство Круп), кое започнува со палењето на Рајхстагот во 1933 година, а завршува во Ноќта на долгите ножеви во 1934 година. Сѐ е споено, подобро кажано, сведено на една призрачна ноќна прослава на падот на старата Германија и раѓањето на нацизмот. Софистицираната роденденска прослава прераснува во брутална, крвава „игра на столовите“ во која во секој круг некој е исфрлен, поточно го губи животот, а маските на цивилизациската надградба (скрупили, емпатија, самоконтрола) забрзано паѓаат, откривајќи ја вистинската смисла, во последната слика, на оваа бестијална игра на моќ.

Мораме да посведочиме, мораме едни на други да си кажеме – за да не помислиме дека сѐ е во ред, за да не отрпнеме, да не заборавиме. Е токму затоа Самрак на боговите, рече Јагош Марковиќ во третата соработка со БДП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.