Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) традиционално и оваа година го објави повикот за учество за доделување на Големата годишна награда за 2022 година.

Големата годишна награда на ААМ се однесува на најуспешно реализирано арААМхитектонско дело, а учесниците со пријавување на своите авторски дела за тековната година може да го остварат своето право на учество.

Оваа архитектонска награда преставува афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја. Наградата свечено и со сите почести му се доделува на лауреатот на крајот на годината, а е под покровителство на Претседателот на Република Македонија. Големата годишна награда на ААМ се доделува на државјани на Република Македонија, со завршен VII степен на образование. За учество е потребно по електронски пат да се поднесе пријава за авторско дело – реализиран архитектонски објект на територијата на Република Македонија кој е завршен во истата календарска година, наведува ААМ.

Учесниците кои не се членови на ААМ, а се наведени како автори на проектот кој ќе биде пријавен, за учество во изборот треба да платат котизација во износ од 3 500 денари, по пријавен труд. Доказот за уплата треба да се достави при пријавување за учество, заедно со погоре наведените документи и информации.

Пријавата се доставува по електронски пат на [email protected], а рокот за аплицирање е до 28.11.2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.