30 хонорарци од МКЦ се само дел од оние кои ќе чекаат да се избере претседател и пратеници во Собранието за да продолжат со работа. Кафулето не е единственото што нема да работи. Без предавачи останува и Планетариумот како и продавницата „Апотека“.
Во изјава за МТВ од Антикорупциска, од каде беа лиферувани препораките по кои треба да се водат јавните институции, а на кои се повикува директорот во врска со последните случувања во оваа јавна институција, посочија дека ќе отворат предмет по допрен глас.
Хонорарците ќе треба да ја почекаат одлуката на Комисијата. Во Изборниот законик одредбите се однесуваат за нови вработувања, отпуштања, почнување нови проекти и друго во предизборниот период, и ќе важи во следните 2,5 месеци за институциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.