Денеска на програмата на 47-то издание на МОТ, ќе биде изведена претставата „Ана Каренина“, а ќе настапи и Матија Ферлин од Хрватска со соло кореографија.

Претставата „Ана Каренина“ е во режија на Мирко Радоњиќ, а ќе ја изведат актерите од Драмското студио „Празан простор“ – Краљевско позориште „Зетски дом“, Цетиње. Изведбата е закажана за 20 часот, во салата Фросина, во Младинскиот културен центар.

Во 19 часот, ќе настапи талентираниот Матија Ферлин од Хрватска, со „Сад сам сам алмост 6“, во салата 25 Мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.