Регионална мрежа за културна разновидност (Regional Network for Cultural Diversity – READ) е регионален проект финансиран од ЕУ, со цел да им овозможи на граѓанските активисти да ги зајакнат демократските вредности и да придонесат кон интеркултурна толеранција со посебен фокус на младите. Проектот се имплементира од страна на Гете-институт Скопје со партнерските организации: Асоцијација Крокодил (Србија), Центар за балканска соработка – Loja (Македонија), Институт за книги и промоција (Албанија), Калем културна асоцијација (Турција) и Центар за мултимедија (Косово). Проектот започна на 1-ви септември, 2020 и ќе трае до 31-ви Август, 2024 година.

Овој отворен повик за предлог проекти се објавува за организации од 5-те партнерски земји кои можат да аплицираат за финансиска поддршка за разновидни културни и уметнички иницијативи со цел да се зголеми пристапот и свеста за литературата и културата во регионот. При третиот повик за аплицирање ќе се поддржат околу 15 граѓански организации од Албанија, Косово, Македонија, Србија и Турција. Граѓанските организации се многу важни за успехот на овој проект, бидејќи тие имаат значително влијание врз културата и промените во општеството.

 Поддршка на интеркултурни проекти има за цел промовирање на меѓукултурна соработка во регионот. Целта е поддршка на голем број грас рут културни иницијативи низ горенаведените земји и промовирање на нивното вмрежување и соработка. Поддршката треба да ги покрие трошоците поврзани со литературните уметности и уметници, разни други културни и уметнички иницијативи, вклучително и музика, театар, аудио и видео продукција, мултимедија и други активности за промовирање на меѓукултурна соработка во регионот. Соработката помеѓу најмалку две држави кои учествуваат на проектот ќе се смета како предност. Максималниот износ за поддршка на интеркултурни проекти е 3.000 € по грант. Особено се охрабруваат проекти од младински организации.

Апликантите треба да бидат:
• непрофитни;
• граѓански организации;
• директно одговорни за подготовката и менаџментот на проектот заедно со ко-апликантот/ ко- апликантите);
• да се регистрирани во Албанија, Косово, Македонија, Србија и Турција најмалку 6 месеци пред датумот на објавување на овој повик;
• да се активни во една или повеќе од тематските подрачја кои се од важост за овој Повик за предлог проекти.

Само една апликација од секој апликант ќе биде земена предвид.
Рок за пријавување: 16.01.2023 г.

Повеќе информации во врска со Отворениот повик за апликации може да најдете на линкот подолу:
Регионална Мрежа за Културна Разновидност – РЕАД – Goethe-Institut Nordmazedonien

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.