На денешен ден, пред 80 години македонскиот јазик е прогласен за службен јазик. По тој повод, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организираше свечен час.
Десет месеци по донесувањето во Собранието, Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува.
Проф. д-р Искра Пановска-Димкова, рече дека доколку почне да се применува законот, кој треба да го замени стариот од 1998 година, ќе биде многу олеснето и вработувањето на кадарот што завршил македонски јазик, со оглед дека законот пропишува задолжително лекторирање на сите материјали, вработување лектори во сите државни институции, издавачки куќи, медиуми.
Професорите од Филолошкиот факултет на УКИМ, Димитар Пандев и Емилија Црвенковска, на свечениот час имаа излагања за придобивките од АСНОМ за македонскиот јазик.
Медиумите и новинарската фела треба да обрне посебно внимание при негувањето на македонскиот јазик бидејќи е во нивна секојдневна употреба.
Токму во ноември пред 80 години почнала со работа и првата јазична комисија со цел да дојде до конечната кодификација на македонскиот јазик“. Тоа се случило на 5 мај 1945 година, датум кој од 2019 година кај нас се одбележува како Ден на македонскиот јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.