Дувачкиот оркестар на Државното музичко училиште од Битола и Битолскиот Дувачки Оркестар ќе настапат вечерва (вторник 12.04.) во Центарот за култура – Битола.

На програмата се дела од Бетовен, Росини, Штраус и маршови за дувачки оркестар. Реактивирањето на Битолскиот дувачки оркестар беше на иницијатива на професорот Марјан Бакревски кој по повеќе годишна работа во различни оркестри во САД како  New England Philharmonic, Charls River Wind Ensamble, Wiener Kagran Musik, и други, се враќа во родната Битола и застанува на чело на овој оркестар. Тој е роден во Битола каде што завршил основно и средно музичко образование во класата кларинет на проф. Панде Татарчевски. Високото образование го продолжи во Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, Бостонскиот Конзерваториум во Бостон, САД а потоа и на магистерски студии во Моцартеум во Салзбур – Австрија, со првиот кларинетист на Виенска и Берлинска Филхаромонија. Неколку години е диригент на Битолскиот Дувачки Оркестар. Во моментов работи во Државно Музичко Училиште – Битола.

Оваа година Државното музичко училиште слави 75 годишен јубилеј од своето постоење, 75 години богата историја преточена низ звуците на музиката. По тој повод и овој концерт е дел од богата програма за одбележување на овој јубилеј, како претходник на главниот концерт кој ќе се одржи во средината на мај.

Концертот во центарот за култура е со почеток од 20 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.