Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите кои ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше промени, Ковачевски беше прашан дали смета дека министри на ДУИ се незаменливи, на што одговори дека членовите на Владата не ги дели според политичката провиниенција од каде доаѓаат.

Јас никогаш не сум ги делел луѓето со кои што сум работел како кадри на одредена партија, одредено време, одредена провиниенција. Ги вреднувам врз основа на професионалните перформанси. Со министрите кои беа дел од минатата Влада и се дел од новата Влада имав соработка како заменик министер. Лично сум задоволен од перформансите на министрите од ДУИ, предложени да бидат дел од новата Влада“, кажа Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.