Нашиот главен фокус останува членството во Европската Унија. ЕУ е единствената шанса Македонија да се промени и да напредува. Едноставно, друг начин нема, друга опција не постои. Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена кон подобро во нашата земја. – рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид.

-Јас верувам дека во Европска Македонија животниот стандард ќе биде многу подобар, и дека во Европска Македонија ќе успееме да изградиме систем на владеење на правото и ефикасна борба против криминалот и корупцијата. Се согласувам дека тој пат не е лесен – истакна Ковачевски и додаде: СДСМ покажа дека има храброст да носи тешки, но важни и неопходни одлуки. Има ли подобар доказ од тоа дека Македонија стана рамноправна членка на НАТО? Има ли подобар доказ за тоа од фактот дека Македонија ги започна преговорите со ЕУ? – рече Ковачевски

-СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда и во која има слобода медиуми – рече Ковачевски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.