Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, на прес-конференција изјави дека Стево Пендаровски ги излажа граѓаните кога глумеше скромност дека не сака да отвора канцеларија на Претседателот, туку истото ќе го направи некогаш во иднина.
На 14 мај, кабинетот на Пендаровски за медиумите го даде следниот одговор на тоа што се неговите планови:
„Во однос на административната и логистичка поддршка која му е потребна за средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции претседателот Пендаровски побара од државните институции повремено да користи канцеларија, но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, Пендаровски во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател“.
Стево Пендаровски и неговиот кабинет излажаа. Само еден ден откако е даден овој став за медиумите, односно на 15.05, според нашите информации Пендаровски побарал да му се одобри користење на канцелариски простор, службено возило и возач.
За Пендаровски таа иднина очигледно е еден ден откако кажал дека во иднина некогаш ќе отвори канцеларија.
Не го разбираме лицемерието на Пендаровски, кога очигледно е дека намерата му била да земе канцеларија веднаш, а за тоа доказ е и дека веќе на 3 јуни нашол канцеларија и договорил и цена за закуп.
Стево Пендаровски не се променил никогаш, неговите ставови не држат ниту еден ден, изјави Јаревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.