Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канаани, порача дека процесот на ослободување на американските затвореници во Иран ќе трае до два месеци.
Надлежните органи најавија конкретна временска рамка и ќе бидат потребни најмногу два месеци за да се заврши овој процес, појасни Канаани.
Претходно овој месец, Техеран и Вашингтон постигнаа договор според кој петмина американски државјани затворени во Иран ќе бидат ослободени, додека шест милијарди долари вреден ирански имот замрзнат во Јужна Кореја ќе биде ослободен.
Иранските средства што беа замрзнати во Јужна Кореја се префрлени на Швајцарската централна банка минатата недела заради размена и трансфер во Иран, соопштија јужнокорејските медиуми.
Вашингтон, исто така, ќе ослободи некои Иранци од американските затвори, информираат од официјален Техеран.
Иран дозволи четворица приведени американски државјани да бидат преместени во домашен притвор од затворот Евин во Техеран, изјави адвокат.
Петтиот веќе беше во домашен притвор.
Советот за национална безбедност на Белата куќа го потврди ослободувањето на американските државјани Сијамак Намази, Морад Тахбаз, Емад Шарки и уште двајца Американци кои сакаат да останат неименувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.