Управниот одбор на Евросонг објави дека по извршената објективна анализа, а со оглед на актуелната состојба, одлучено е дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни сигурносните и оперативни гаранции за организација и продукција на натпреварување за песна на Евровизија.

Ова натпреварување е една од најсложените ТВ продукции во светот со илјадници кои работат и присуствуваат на настанот и за тоа е потребна 12 месечна подготовка. По анализата управниот одбор со длабоко жалење заклучи дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни условите според ЕСЦ правилата. Му благодариме на украинскиот јавен емитер за соработката во деновите по победата, но ЕБУ одлучи дека следната година натпреварувањето не може да се одржи во Украина, се наведува во соопштението.

Во соопштението се наведува дека, согласно правила, ЕБУ ќе започне разговори со Би-Би-Си како овогодишен второпласиран јавен сервис, за потенцијално организирање на изборот за песна на Евровизија 2023 и негово одржување во Велика Британија.

Украина претходно беше организатор на Евровизија во 2017 и 2005 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.