Започнаа во ноември да увезуваат струја за потребите на граѓаните, не за индустријата. Велеа државата дека комплетно од домашно производство ќе ги снабди со електрична енергија.
Не успеаја и затоа од 7ми ноември до 30ти ноември за 23 дена увезоа електрична енергија во вредност од 23 милоини евра, пари платени од граѓаните. За 23 дена 23 милиони евра. Зимата се уште не е започната календарски, а направиле нов тендер во којшто повторно ќе увезуваат од први до четврти декември, проценката е дека нови 8 милиони евра ќе чини оваа набавка.
Не само што крадат туку и многу лажат, објави на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.