Најдобро би било да не сме во ситуација да позајмуваме од надвор затоа што позајмуваме дали за преживување дали за тековни трошоци, а не за вложување во инфраструктура и зголемување на производствената моќ на економијата, изјави универзитетскиот професор и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески, во вечерашното интервју во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат М.
Славески вели дека загрижува фактот што не се зборува доволно зголемувањето на јавниот долг, укажувајќи дека претходно се кревало фама ако јавниот долг од 30 се зголемил на 35 проценти, а сега како што рече тој како да е нормално зголемување на јавниот долг на 60 проценти.
Знаеме дека немаме некоја заштеда или резерва која што служи за вакви тешки времиња, немавме ни пред почетокот на пандемијата, па го зголемија јавниот долг за најмалку 10 процентни поени. Мене ме загрижува една работа што некако го умртвија оној критички став кон задолжувањето и растот на јавниот долг во земјата, додаде тој.
Толку се возбудуваа кога јавниот долг порасна од 30 на 35 проценти, а сега некако како да е нормално дали е 50, 55 или 60 проценти, посочи Славески.
Славески потенцираше дека зголемувањето на јавниот долг значи дека државата плаќа повисоки камати за сервисирање на долгот, нагласувајќи дека секое зголемување кај јавниот долг всушност значи поскапо задолжување кај банките кои ја ценат кредитната состојба.
Зголемувањето на јавниот долг всушност значи дека плаќаме многу повеќе за камати, за сервисирање на долгот, мислам дека беше изнесен и податок дека 1,5 проценти од БДП одат за отплата на камати, ние толку не трошиме за народна одбрана на земјата како членка на НАТО. Второ секое зголемување на јавниот долг кај кредиторите кон кои ќе се обраќате во иднина, кога банките ја ценат кредитната способност секако нели ќе ја зголемуваат она премија за ризик што ја наплаќаат, односно ќе значи поскапо задолжување, рече Славески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.