Сакаме да дадеме Демант поради објавена анализа за потрошувачка на електрична енергија со прилог табела од страна на Министерот за Економија Кресник Бектеши каде од податоците за Железници Транспорт АД – Скопје може да се увиди дека стоиме како најголем потрошувач на електрична енергија со најмалку заштеда се целосно невистинити, велат од ЖРМ Транспорт АД – Скопје.

Имено сакаме да Ве известиме дека согласно официјалните податоци од Одделението за енергетска ефикасност при ЖРМ Транспорт АД – Скопје за потрошена електрична енергија видно е дека: За ЕВН Хоме одржување на влечни и влечени средства и административни згради, споредбено за месец 09.2021 година потрошено е 65.171.50 KW, а за 09.2022 година потрошено е 57.227.40 KWсо што остварена е заштеда од -12.19%, информираат од ЖРМ Транспорт АД – Скопје.

Оттаму напоменатуваат дека споредбено за месец 10.2021 година потрошено е 131.174.30 KW, а за 10.2022 година потрошено е 83.507.00 KW со што остварена е заштеда од -36.34%.

За ЕВН Хоме преку мрежата на МЕПСО за товарен и патнички сообраќај, споредбено за месец 09.2021 година потрошено е 1.166.220,00KWh, а за 09.2022 година потрошено е 1.060.020,00KWh со што остварена е заштеда од -9.10%. Исто така напоменуваме дека ЖРМ Транспорт АД – Скопје за месец 10.2021 година потрошено е 1.122.920,00KWh, а за 10.2022 година потрошено е 1.075.330,00KWh со што остварена е заштеда од -4.23%. Овие податоци официјално се потврдени од Владата од Извадок од нацрт Записникот на Владата на Сто и втората седница одржана на ден 15.11.2022 година број 41-10377/2 од каде може да се види дека Железници  е еден од најголемите заштедувачи на електрична енергија, стои во реакцијата од ЖРМ Транспорт АД – Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.