Заради неспособноста на СДСМ цените на храната за една година зголемени и над 25%, велат од ВМРО ДПМНЕ.

За само една година споредно декември 2020 година, со декември 2021 година, цените на храната се драстично зголемени. Според податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика, цената на лебот сега е за 9.3% поскапа од минатата година. Исто ниво на покачување има и кај шеќерот чија цена скокнала 9.3%.

Најголемо покачување имаме кај маслото за јадење, кое за една година поскапи за 25.1%.

Во услови кога владата е неспособна растат и цените на овошјето и месото, кои доаѓаат од увоз, а тоа произведено од нашите земјоделци скапува по нивите. За една година цената на овошјето и зеленчукот е зголемена за 6.5%, додека цената на месото е поголема за 5.7%.

Маслото за јадење, месото, лебот, шеќерот и овошјето и зеленчукот се основни намирници, кои секое домаќинство ги користи, кога цените на овие производи растат погоден е секој еден човек.

Инфлацијата предизвикана од СДСМ веќе се осеќа. Народот може да купи се помалку со неговите примања. Потребни се итни мерки и промени. Потребни се брзи предвремени избори, и нова влада која ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ, за работите да почнат да се менуваат, велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.