Вработените од Управата за јавни приходи почнувајќи од денеска, секој нареден ден од 10 до 12 часот, ќе штрајкуваат без да ги извршуваат работните обврски од работното место, а најавуваат и генерален штрајк доколку надлежните не ги прифаќаат нивните барања.
Вработените на УЈП во вторникот излегоа на предупредувачки протест пред министерството за финансии, и побараа средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, но тој не ги прими со одговор дека се подготвува општ колективен договор и дека во овој период не можат да преговараат за поединечни случаи.
Нивниот револт порасна откако министерството за финансии, под чија надлежност се и тие, ги зголеми платите за 30 %, но само за вработените во министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.