Инфлацијата е во надолна линија и ова го потврдуваат официјалните податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека од 19,8% во октомври 2022 година, инфлацијата е падната на 11,3 % за претходниот месец, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во интервју за порталот Локално.

Вицепремиерот Битиќи рече дека овој тренд на намалување на инфлацијата очекува да продолжи до крајот на годината, што е на линија на проекциите на НБРМ и владините проекции според кои инфлацијата за цела 2023 би изнесувала околу 8%.

Од друга страна очекувањата за раст на платите со двоцифрени стапки е реалност со оглед на фактот што успеавме да создадеме атрактивен економски амбиент за прилив на нови како домашни така и странски директни инвестиции кои креираат многу повисока додадена вредност, а воедно ќе ја зголемат продуктивноста на целокупната економија и ќе резултира со реален раст на просечната плата во целокупната економија“, рече Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи се осврна и на очекувањата за движењето на инфлацијата, за што рече дека треба да имаме во предвид дека нашата национална економија не е изолирана, затворена.

Ние сме изложени на економски сили кои не препознаваат граници и кои влијаат во дефинирањето на нашиот перформанс. Економската криза сè уште не е завршена, енергетските прашање се сè уште отворени. Не постоеше економија која не почуствува последици од руската агресија врз Украина, војна која сè уште се случува, а и никој не може да предвиде како ќе се развива. Постојат многу променливи фактори кои влијаат врз инфлацијата, а врз кои ние немаме влијание иако сме изложени на нивните последици“, рече Битиќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.