Бројот на работници во индустријата во јануари годинава во однос на јануари лани е зголемен за 2,6 осто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во јануари 2024 споредено со јануари 2023 година статистиката евидентира пораст од шест проценти на бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен, од 2,4 проценти во Преработувачка индустрија, а од 0,8 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,5 проценти, Капитални производи за 17,5 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 проценти, а опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.