Трагично е колку владата администрирана од Ковачевски си поигрува со достоинството и интелигенцијата на пензионерите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа што го укина владата на СДСМ пред три и пол години и го преставуваше како голема реформа, сега го враќа пак ама демек бил швајцарски модел.

Прво, лажговците од владата на Ковачевски треба да признаат дека не ги зголемува пензиите, туку само го враќа моделот на пресметка за покачување на пензиите кој го укинаа Заев и Царовска, а беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година. Во 2018 СДСМ/ДУИ го укинаа растот на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им кратеа на пензионерите од пензиите. Ова е уште една потврда дека власта краде и лаже.

Второ, додека СДСМ и Ковачевски се фалат со зголемување на пензиите за 1000 денари во Србија пензиите пораснаа за 170 евра, а во Словенија за 150 евра.

Трето, без срам Ковачевски се фали со раст на пензии, а инфлацијата и поскапувањата на основните животни продукти е двојно, па и тројно поголема од процентот на покачување. Млекото е поскапо за 22%, брашното за 38%, зејтинот за 46%, струјата за над 30%, а горивата за над 70%. Поскапувањето го изеде покачувањето уште сега, а дури го добијат пензионерите ќе биде и пострашно.

Четврто, власта на Ковачевски одби конкретен предлог од ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, што ќе беше задоволителна мерка со оглед на падот на стандардот на пензионерите во изминатите 5 години.

Власта на СДСМ им украде десетици илјади денари на пензионерите до сега и не може да се прикажува како голем душегрижник со 1000 денари покачување. Напротив треба да се срамат и да се извинат на граѓаните, а казната за нивниот лоповлук ќе ги стаса многу скоро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.