Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево информира дека во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво “Сокол” Зајас при направени анализи кај отстрелани диви свињи откриена е африканска свинска чума.

Во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво “Сокол” Зајас, по направената лабораториска анализа на примероците од отстреланите диви свињи, за една единка е добиен позитивен резултат на вирусното заболување Афричка свинска чума.

Поради тоа АЛАРМИРАМЕ задолжително да се почитуваат препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство и биосигурносните мерки при лов.

Задолжително пријавате доколку се пронајди леш од дива свиња и уредно извадете ги потребните примероци од отстреланите диви свињи за лабораториска анализа!, информираат од Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.