Од ВМРо-ДПМНЕ бараат власта да прифати покачување на платите во јавниот сектор. Како што велат од партијата, пари има, но власта треба да престане со крадење.
СДСМ и ДУИ да поддржат зголемување на платите во јавниот сектор.
Работниците се во право кога протестираат и бараат поголеми плати. Предлогот за линеарно зголемување на платите е обврска за власта која настана со зголемување на минималната плата, и само така ќе се воедначат платите и ќе се постигне рамноправност, но и ќе се зачува стандардот на граѓаните, кој е нагризан од инфлацијата.
СДСМ и ДУИ да се откажат од крадење и да ги пренасочат парите за поголеми плати.
Наместо златен прибор, грантови за Заев и тендери во РЕК, парите можат да се пренасочат кај граѓаните.
Ако не се зголемат платите, работниците уште посилно ќе ги чувствуваат ефектите од кризата.
ВМРО-ДПМНЕ го поддржува зголемувањето на платите. Партиите од власта да се охрабрат и да го поддржат и тие – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.