СДС им ја одзема перспективата на младите, јавниот долг 7.64 милијарди евра. Заклучно со 30.09.2022 година јавниот долг е 7.64 милијарди евра. Ова е историски највисок долг, а притоа нема инвестиции, нема проекти, велат од ВМРО ДПМНЕ.

И додека расте долгот, расте и инфлацијата. Македонија ја има највисоката стапка на инфлација во регионот и Европа. Со инфлација од 20% се анулира секаков раст плати, а народот осиромашува.

Со СДС секој негативен показател во економијата расте. Се зголемува и трговскиот дефицит. Економијата со СДС е се поранлива и по зависна. Наместо да го креираат најголемиот буџет во историјата и да трошат пари на се и сешто, СДС да ги применат и инкорпорираат мерките кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи, а ќе значат помош за стопанството и граѓаните, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.