Секоја година имаме се помалку договори за откуп на тутун. Тоа е резултат на увозот на тутун кој го дозволи СДСМ, што ја урна цената на домашниот, но и го намали откупот во целост. Дека постои увоз на тутун говори и поранешниот министер Трајан Димковски, сегашен заменик, кој во свои настапи и пишувања признава дека се увезува тутун. И сето тоа додека домашниот се уште не откупен – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Георгиевски.

Доколку минатата година беше договарен откуп за целото производство, тогаш од каде се појавија 1.5 милиони килограми неоткупен тутун? Од каде вишок ако се било договорено?

СДСМ наместо да лаже и манипулира со граѓаните нека каже колку тутунари останаа без договори оваа година, поради што повикале второстепена комисија?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Кризата во земјоделието што СДСМ ја создаде е целосно вештачка создадена од нивната неспособност, додаваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.