Ставот на г-динот Трајко Славески е негов личен став. Исто како што постојат бројни ставови на експерти про и контра растот на минималната плата, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера членот на ИК Трајко Славески изјави дека барањата на ССМ за минимална плата од 18.000 денари се нереални, и отворено застана на страната на Организацијата на работодавачи, аргументирајќи дека ваквото зголемување на платите би било оптоварување за компаниите и може да доведе до затворање на бизниси.

ВМРО-ДПМНЕ принципиелно е за раст на платите во Македонија, вклучително и на минималната плата. Но суштинското прашање кое треба да се постави е дали владата со ова ќе постигне нивелирање на сите останати плати во државата? Сите работници имаат право да го остварат тоа, бидејќи инфлацијата која власта не успеа да ја сопре навреме ги засега сите граѓани. Доколку власта навистина искрено сака да постигне пропорционално нивелирање на платите во сите сектори, тогаш тоа може да го направи со платите во образованието согласно градацијата во колективниот договор. Тоа Владата може да го направи, бидејќи тоа е директно нејзина ингеренција“, реагираат од најголемата опозициска партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.