Дали директорот на Царина, Стефан Богоев дозволил шверц на 1.200 кг скапи телефони? Зошто Царина молчи за скандал од стотици илјади евра, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, комбе полно со скапи телефони, со тежина од 1.200 кг е фатено на автопатот Петровец – Скопје откако веќе ја поминало Царината која евидентирала дека истото превезува друга стока, а не телефони.

Да не била акцијата на полицијата 1.200 кг скапи телефони ќе завршеле на црниот пазар. Доколку се направи едноставна математика и се земе дека во комбето имало само 1.200 телефони, кои би се продавале по цена од 500 до 1.000 евра се доаѓа до сума од над половина милион до еден милион евра. Тоа е сериозен криминал, кој очигледно е правен во содејство со власта, обвинуваат од најголемата опозициска партија.

Уште пред два дена, Царинската управа соопшти дека на ден 11.03.2024 година во попладневните часови, на патниот правец Петровец – Скопје од страна на СВР Скопје е извршен претрес на патничко моторно возило, кое превезувало разна стока, увозно оцаринета на ЦИ Аеродном Скопје, поради сомневање дека во возилото се превезуваат наркотични средства.

Контролата е извршена со асистенција на инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа и царинско куче. Притоа не се пронајдени наркотични средства, но констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото.

Со цел да се изврши детална контрола, возилото е пломбирано и привремено задржано заедно со стоката со вкупна тежина од 1.2 тони. За прегледот е побарана асистенција и од крим полиција, а за случајот е известено и надлежното основно јавно обвинителство. Откако ќе се изврши детална контрола и ќе се утврди фактичката состојба, ќе бидат покренати соодветни постапки, информираа од Царината.

Скопската полиција соопшти извршила голема заплена на мобилни телефони од моделите на iPhone и Samsung,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.