Владата на СДСМ и ДУИ безмилосно ги трошат народните пари. Затоа економијата е во колапс и затоа долгот на Македонија вртоглаво расте, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега најавуваат ново задолжување од 900 милиони евра кое што нема да служи за развој туку за буџетска ликвидност. Тоа значи дека овој долг од скоро 1 милијарда евра е само за да се закрпи буџетската дупка. Ете на кое дереџе дојде Македонија. За 5 години потрошија над 20 милијарди евра, а ништо не направија. За 5 години долгот порасна од 4,7 милијарди евра на над 7 милијарди евра и уште ќе расте до речиси 8 милијарди евра до крајот на годината. Ова значи дека оваа власт ја задолжи државата колку сите власти претходно, стои во партиското соопштение и се додава:

„Резултат од задолжувањето на Македонија нема. Над 35% се во ризик од сиромаштија, а државата е во топ 5 најсиромашни земји во Европа. Последни сме во регионот по економски раст, последни сме по привлекување на странски инвестиции, а нема ниту домашни капитални инвестиции. Нема ништо од најавуваните нови клинички болници, автопати, училишта и слични ветувања. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Инфлацијата само во месец март достигна 8,8%, цената на струјата за кратко време се покачи за 30%, горивата за 80%, килограм брашно поскапо 83%, додека литар масло за јадење е поскапо за 107%, а литар млеко е 47% поскап.

Парите од буџетот и од задолжувањата власта на СДСМ и ДУИ ги троши за милионски криминални физибилити студии, тендери во 4 очи, набавки на мебел, цвеќе, службени возила и жардињери.

Ова тонење на Македонија мора да престане. Мора да се оди на избори што поскоро бидејќи оваа власт не ги решава проблемите на граѓаните, туку само создава нови“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.