Владата на денешната седница одобрила средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје. На седницата била донесена одлука, како што се наведува во соопштението, за одобрување на 1,1 милијарда денари или речиси 18 милиони евра за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД „Електрани на Македонија“.

Со преземените соодветни мерки од страна на Владата се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите за време на годинешната грејна сезона, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.