Повторно ново задолжување од 250 милиони евра со краток рок од 3 години и премногу високи камати за таков рок на отплата. А мерките за стопанството и граѓаните никаде ги нема, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска-Кочоска.

Како констатираа дека баш 250 милиони евра ќе бидат доволни, кога немаат никаков конкретен план за мерки?

Зошто земаа кредит на толку кус рок?

Дали случајно договорија грејс период од 18 месеци? Или владата си прави математики да издржи до редовни избори, а после секако ќе изгубат и друг да се мисли како ќе ги враќа парите кои баш тогаш доспеваат за плаќање.

Премногу прашања… Одговори не ни очекувам од неспособна влада, ама времето ќе покаже!, пишува во својата објава Димитриеска-Кочоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.