Владата ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот, комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта, која ќе биде потоа под строг надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредносста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќање на 33 Годишната конференција на УМС на на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Охрид.

Веруваме во вас и во вашиот потенцијал, сакаме да останете тука, сакаме да ни помогнете да ја развиваме државата, рече Мицкоски, додавајќи „Македонија без вас нема да постои запомнете го тоа“.

Според Мицкоски политичарите се тука да направат се што требаза младите да останат во Македонија за да ја продолжат приказната за Македонија, и да го продолжат животот на Македонија.

Затоа што јас знам дека таа не се само дрвата, планините, езерата, реките, културните знаменитости, таа се нејзините луѓе. И без луѓе џабе е се. Затоа тука сме и ова е само почеток да знаете. Нема време за изговори и за плукање на минатото, сега е нашата шанса и надеж, и мора сите заедно да ја искористиме и да направиме нешто добро за државата, за да не помнат идните генеррации, тие по нас, и да кажат, имаше една генерација таму, пројде низ многу перипетии, сакаа да ги обезличат, неодговорни политичари пљачкаа, пројдоа конлфикти, поделби, сиромаштија, иселувања, се гушеа во загаден воздух… но ја држеа Македонија во живот, живееја со Македонија и затоа ние денес тука сме свои на своето и веруваме во развиена земја, тоа е нашиот сон, кажа Мицкоски.

Мицкоски заклучи за тоа се бориме, во тоа веруваме и тоа се нашите идеали за кои од почетокот ви зборувам кои не одржуваат во живот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.