Државата ја ограничи маржата за трговците со струја на 10%, а ќе се намали и онаа на крајниот снабдувач од 50 на 20 отсто. Со вакват мерка, според министерот за економија Бектеши ќе им се помогне на големи компании кои се на слободниот пазарм, но и на јавните институции кои не склучиле договори со снабдувачите на струја и истите сега плаќаат огромни сметки.

Државата ќе им помага на компаниите кои не склучиле договор за снабдување со струја. Наместо пазарната цена од ХУПЕКС плус 50% маржа,  ќе ја плаќаат пазарната цена зголемена за 20%. Големите компаниите, меѓу кои и 500 јавни институции, школи, градинки, кои немаат договори со трговците за снабдување со електрична енергија, сега плаќаат енормно високи сметки. Во нив спаѓаат сите рудници, Фени, Максил, сите казина, аптеки, 90% од супермаркетите и сите банки. Но  предлогот на министерот за економија е да не се поддржат сите, туку само оние кои произведуваат за извоз

За фирмите пак, кои се на слободниот пазар и со струја ги снабдуваат трговците, за да им се намалат сметките, владата им ги ограничи  маржите. Наместо 12, 15 или 18%, трговците со струја ќе наплаќаат 10% маржа.

– Трговците и лиценцираните снабдувачи не можат со новата одлука да применуваат поголеми маржи од 10 отсто. Ако денешната цена на берзата е 400 евра мегаватчас, трговците не може да применуваат повисока цена од 440 евра, додаде Бектеши.

Инаку, државата е во преговори и со соседните земји Србија, Бугарија и  Албанија да не се ограничува извозот на струја, како што неколкупати направи Бугарија. Со Белгард  се договара тие преку Бугарија  да ни дадат гас, ние нив струја. Во прсрет на претстојната зима, за да нема недостиг на електрична енргија, Бектеши очекува  целосно да бидат ставени во функкција сите енерегстки капацитети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.