Резултатите од антикризните мерки на Владата се видливи во континуитет. Поради владините одлуки со кои се намали акцизата и ДДВ за нафтени деривати, се амортизираа ценовните разлики и од денес цените на горивата се намалени. Дизелот поевтинува за два, а бензините за денар по литар.
Соодветно на намалената акциза и ДДВ за нафтените деривати, се намали и цената на другите горива. Во услови на светска енергетска криза, Македонија има најевтини цени на горивата во регионот.
Ова се само дел од резултатите од мерките за намалување на ДДВ и акцизата за горивата за заштита на животниот стандард на граѓаните и задржување на ликвидноста на компаниите. Со владините мерки го ублаживме големото поскапување на храната и енергенсите и граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја.
Покрај сите овие мерки, Владата ја покачи и минималната плата на 18.000 денари и оствари рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите. Владата издвои речиси 615 милиони евра до сега, за справување со предизвиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.