Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е-ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од 26.01.2024 година (петок) во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира.

Ја известуваме јавноста дека поради овој процес за надградба на системот можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. Ги замолуваме даночните обврзници и корисниците на услугите на УЈП да имаат разбирање додека трае надградбата на системот, бидејќи истата ќе овозможи поквалитетни услуги за крајните корисници“, се наведува во соопштението од УЈП.

Поради вршење на оваа надградба и отежнато пријавување на даночните пријави преку системот е-Даноци, рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите се продолжува заклучно со понеделник 29.01.2024 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.