На оваа своја седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на ТЕН-Т проектот за автопат од Скопје до границата со Косово, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта.
Целта на овој Предлог-закон за гаранција е да се обезбеди финансиската поддршка за проектот, односно изградба на втората подделница која се однесува на останатиот дел од автопатот Блаце – Скопје, во должина од околу 10.5км со што, значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, ќе се подобри безбедноста на патот и ќе се скрати времето на патување, ќе се зголемат можностите за социо–економски развој, како на национално, така и на регионално ниво.
На предлог на Министерството за финансии Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад.
Основната цел на гаранцијата за заем за финансирање на проектот е да го помогне развојот на регионални системи за управување со отпад во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион.
На денешната седница Владата донесе заклучок со кој ги определи заменик-претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ и Секретаријатот за европски прашања да обезбедат институционална поддршка на имплементацијата на иницијативите и договорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.