Унапредување на процесите на царинење преку унапредување на анализата на ризик со цел поголеми приходи во Буџетот, поголемо присуство на царинските службеници во делот на селекција на сомнителни пратки, како и подобрување на информираноста на граѓаните за пријавување на стоката при влез и излез од државата. Ова беа суштинските заклучоци од денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, сооштуваат од Царинската управа.

Главен приоритет ми е жестока борба со криминалот и корупцијата, но и менување на свеста кај царинските службеници. Ова е тимска работа и заедно мора да водиме заедничка борба со цел да ги движиме работите напред. Секој царински службеник мора да стане свесен дека секој ден доаѓа на работа за да испорача конкретни резултати кои ќе бидат видливи преку поголеми приходи во Буџетот и да спречи криминал, истакнал Николовски.

Двете страни се согласиле дека ова е заедничка борба и оти заеднички мора да се работи на унапредување на соработката, сè со цел модернизација на процесите и подобрување на имиџот на институциите кои се огледало на државата, како и сузбивање на криминалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.