Она трпезно грозје кое се откупува, цената е далеку од рентабилна и земјоделците не можат да ги покријат своите производни трошоци, а да не зборуваме за екстра профит, односно за задоволување на семејните буџетски потреби. Оваа ситуација е повеќе од алармантна затоа што едноставно сметам дека министерството и владата требаше многу порано да преземат одредени мерки кои ќе значат стабилизација на цената, порача денеска од Тиквешко претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ – Цветан Трипуновски.
Тој вели дека загрижувачки за лозарите е тоа што едноставно не знаат со каква цена, со каков приход можат да располагаат наредниов период. Десетина дена пред почеток на бербата, цената е незамисливо да биде несоопштена, вели тој.
Сакам да упатам сериозен апел до Владата и ресорното министерство, да си ги прекинат своите летни одмори и да се појават овде во тиквешијата заедно со винарските визби да најдат прифатливи цени и за лозарите и за винарските визби, рече Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.