Претстојната берба на винско грозје, приносите и квалитетот, биле темите за кои денеска разговарале министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и претставници од потсекторската група за лозарство и вино.

На состанокот, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Трипуновски вети дека ќе се вреднува трудот на лозарите и оти ресорното министерство ќе биде коректив.

Во текот на денот Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, вранец и смедеревката, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.